зенана | ж.

Вид лесна свилена ткаенина за фустани, пижами и сл.

зенгин | м.

Богаташ, богат човек.

зенит | м.

(астр.) Највисока точка на небесниот свод. Сонцето се искачи кон зенитот.

зенитен | прид.

Што се однесува на зенит. Зенитна далечина. Зенитна слава.

зеница | ж.

Средишниот дел на окото што со своето ширење или стеснување ја пропушта светлината внатре и го овозможува гледањето.

зеничен | прид.

Што се однесува на зеница.

зер 1 | чест.

зерделија | ж.

Вид кајсија;

зет | м.

Сопруг на ќерка во однос на нејзиното семејство, сопруг на сестра во однос на нејзините брат, сестра или браќа и сестри или сопруг на братучетка во однос на нејзините братучеди. Тој му беше зет на комшијата. Зет за сестра. Зет за братучетка.