зломисленик | м.

Тој што е зломислен.

злонамерен | прид.

Што има зла, лоша намера. Злонамерно писмо. Злонамерна постапка.

злонамерник | м.

Тој што е злонамерен. Злонамерник е секој што ќе рече нешто против него.

злопамтило | м.

Тој што не простува и не заборава зло и наоѓа начин да врати со иста мера. Не сум злопамтило, но овој пат ги надмина границите.

злорад | прид.

злорадосен | прид.

Што се радува на туѓиот неуспех, на туѓата несреќа, што изразува радост поради тоа. Злорадосна сосетка. Злорадосна насмевка.

злостен | прид.