золвеник | м.

Сопруг на золвата.

золвин | прид.

Што се однесува, што и припаѓа на золвата. Ги чуваше и золвините деца.

золвиче | ср.

Хип. од золва.

золота | ж.

Стара монета од времето на османлиската власт со вредност помала од грош.

зона | ж.

Површина, простор меѓу некакви граници, територија изделена по некакво обележје, појас меѓу две линии или по должината на некаква линија. Погранична зона. Индустриска зона. Рекреативна зона. Забранета зона. Тропска зона. Пешачка зона.

зонален | прид.

Што е распореден по зони, што е својствен за определена зона. Зонално простирање на почвите. Зонален карактер.

зоолог | м.

Специјалист по зоологија.

зоологија | ж.

Наука за животните.

зоолошки | прид.

Што се однесува на зоолог и на зоологија. Зоолошки проучувања.