зограф | м.

Тој што слика икони и фрески; Дедо му бил познат зограф.

зографиса | св.

Наслика икона или фреска во црква.

зографство | ср.

Занает на зографот, зографска дејност.

зод | ж.

зоди | несв.

Зодијак | м.

Небесен појас што опфаќа дванаесет соѕвездија низ кои минува Сонцето на својот привиден пат во период од една година. Знаци на Зодијакот.

зокум | м.

Herium oleander.

зол | прид.

Што е лош, злобен. Зла жена. Зол дух. Зла мисла.

золва | ж.

Сестра на сопругот.