игротека | ж.

Затворен простор кој е уреден за детска игра и забава.

игумен | м.

Старешина на машки православен манастир.

игуменија | ж.

Монахиња старешина на женски православен манастир.

игуменски | прид.

Што се однесува, што припаѓа на игумен. Игуменска должност. Игуменски гроб.

игуменува | несв.

Управува со православен манастир. Пејчиновиќ игуменувал во запуштениот лешочки манастир.

иде | несв.

Доаѓа ваму; со одење или со превозно средство, а и самото превозно средство, се приближува однекаде наваму, обично кон лицето што зборува. Многу ретко идеш. Од далеку ли идеш? Идам право од дома. За првпат идеме овде,во селово. И да го викаш, не иде. Мајка ми иде со ужина. Во мракот иде кон него некаква човечка фигура. Кога иде возот од Белград?

идеал | м.

Претстава за совршена форма на нешто што се поставува како цел. Се бореше за идеалите на слободата. Недостижен идеал. Животен идеал. Естетски идеал.

идеален | прид.

Што се однесува на идеал, возвишен. Идеална љубов.

идеализам | м.

(филоз.) Учење според кое основа на сè што постои во светот е духот, идејата, а не материјата; материјализам.

идеализатор | м.

Тој што идеализира, што преувеличува нешто или некого.