идентификација | ж.
Утврдување на идентитет, идентификување. Знак за идентификација е личното име. Се изврши идентификација на трупот.
идентификува | св. и несв.
а) Утврди, утврдува идентитет, еднаквост. Беше повикан да го идентификува убиецот. б) Изедначи, изедначува некого или нешто со некого или нешто. Поимот држава тој го идентификува со поимот нација.
идентифицира | св. и несв.
идентичен | прид.
Ист, еднаков. Идентичен опис. Идентична судбина. Идентични односи.
идење | ср.
Доаѓање; посета. При секое идење им носеше по нешто на децата. Зачестија неговите идења и девојката се радуваше. Расправијата не почна од едно идење.
идеограм | м.
Цртеж или слика што претставува поим, писмен знак во сликовното писмо. Кинески идеограм.
идеографија | ж.
Писмо што користи идеограми, сликовно писмо.
идеолог | м.
Тој што создава, развива некаква идеологија. Идеолог на Народноослободителното движење.
идеологизација | ж.
идеологизира | св. и несв.
Внесе, внесува прекумерно или непотребно идеологија во нешто, во некоја дејност.