изарчи | св.

Потроши до крај, целосно (пари и сл.);

избави | св.

Спаси некого од нешто. Тој го избави од сигурна смрт. Го избави народот од ропство.

избавител | м.

Тој што избавува, што спасува. Избавител на народот.

избавиште | ср.

Спас, избавување.

избавление | глаг. им.

избавник | м.

Спасител;

избавувач | м.

Спасител, избавник, избавител.

избакне | св.

Бакне повеќепати; бакне, бакнува, баци. Таа го избакна детето по образите и по рацете. Тој ја извади сликата од писмото и ја избакна.

избања | св.

Заврши со бањање; искапе. Тие го избањаа мртовецот и го спремија за закоп.