измавне | св.

Измавна со раката да го удри, ама не го удри.

измажи | св.

Ги омажи сите што биле за мажење. Тој ги измажи ќерките.

измазни | св.

Направи да стане мазно. Таа ги измазни чаршафите со рака. Девојката си го измазни фустанот и седна. Старецот си ги измазни мустаќите и брадата пред да прозбори.

измајсториса | св.

Направи да биде добро изработено, како од мајстор. Да видиме што измајсториса денес?

измака | св.

Изеде со макање до крај, целосно; Девојчето лакомо ги измака остатоците од храна од тавата. Стариот го измака чинивчето со пинџур и стана.

измалтериса | св.

Малтериса до крај, целосно. Мајсторите ја измалтерисаа куќата.

измалтретира | св.

Комшијата го измалтретирале во банката.

измама | ж.

Лага, невистина. Се збогати со измама и безброј злосторства. Тој со измама ги истера старите господари.

измамен | прид.

Што го измамиле, излажале. Измамените протестираа пред општината.