изнаѓубри | св.

Наѓубри многу, доволно. Ја изнаѓубри нивата добро уште есеноска.

изнададе | св.

Даде многу некому или на повеќемина, истовремено, одеднаш. Ги изнададе сите покани.

изнаделка | св.

Наделка многу, во голема количина. Изнаделка греди за новата куќа.

изнадише се | св.

Се надише многу, доволно. Се изнадиша свеж планински воздух.

изнадојде | св.

Дојде, надојде во голем број. Изнадојдоа пазарџии од сите страни.

изнадраска | св.

Издраска многу, во голема мера. Мачката го изнадраскала детето.

изнадрдори | св.

Надрдори многу, искаже многу безначајни работи. Изнадрдорил за мене пред директорот сè и сешто.

изнадреме се | св.

Се надреме многу, во доволна, голема мера. Се изнадрема додека траеше филмот. Се изнадрема во лулашката на тремот.

изнадроби | св.

Надроби многу, во голема количина; Изнадроби за сите по една чинија попара.