изнадрочи | св.
изнажали | св.
Изжали многу, во голема мера. Го изнажали детето пред комшивките.
изнаживее се | св.
Се наживее многу, уживајќи во животот. Се изнаживеа откога замина в град.
изнажние | св.
Жние многу, во голема количина. Изнажнија пченица три дена да вршат.
изназборува (се) | св.
Назборува многу, што треба и што не треба. Изназборувал пред директорот за секој по нешто, најчесто невистини.
изназеме | св.
Наземе многу работи одеднаш, истовремено. Изназеде од разрушената куќа сè што можеше да се земе.
изназоба се | св.
Се назоба многу, во голема количина. Се изназобаа грозје. Се изназобаа цреши.
изнаигра се | св.
Се наигра доволно, до задоволување, многу. Децата се изнаиграа на ливадата. Се изнаигравме на свадбата.
изнајава се | св.
Се најава доволно, многу. Свадбарите се изнајаваа одејќи по невеста во друго село.
изнајаде | св.
Најаде некого повеќе од потребното, премногу. Бабата го изнајаде внучето со попара.