изнаседне | св.
Седне, наседне сите до еден. Изнаседнаа да нижат тутун. Патниците изнаседнаа на своите места.
изнасее | св.
Насее многу, во голема мера. Изнасеавме пченица на горните ниви. Таа изнасеа семе за расад.
изнасилен | прид.
Што не е природен, што е насила направен; вештачки. Изнасилена веселост. Изнасилена љубезност.
изнасили | св.
Натера, принуди некого да направи нешто против својата волја; силува.
изнасити се | св.
Се насити целосно, до крај; насити, сити. Откога се изнаситија, пијаните гости станаа од масата.
изнаскока | св.
Наскока во голем број од некое место; наскока. Децата изнаскокаа во реката да се капат.
изнаслуша се | св.
Се наслуша доволно во голема мера, се наслуша сè и сешто. Гостите се изнаслушаа убави староградски песни. Се изнаслушавме секакви глупости.
изнасмее | св.
Насмее некого многу, силно; Кловнот ги изнасмеа дечињата до солзи.
изнасобере | св.
Насобере во голема мера, целосно. Изнасобра книги за испитот.
изнаспие се | св.
Се наспие добро, доволно, колку што е потребно. Се изнаспа слатко под сенката на лозницата.