изнасрка се | св.
Се насрка во доволна мера. Се изнасрка попара.
изнастане | св.
Стане наеднаш повеќемина. Кога влезе војводата, сите изнастанаа да го поздрават.
изнастине | св.
Настине многу. Децата изнастинале играјќи мокри во снегот.
изнатепа | св.
Натепа некого во голема мера. Добро го изнатепаа.
изнатрупа | св.
Натрупа многу, во голема мера. Изнатрупа снег еден метар. Изнатрупа дрва за зимоска.
изнатрча | св.
Натрча во голем број, наеднаш. Од сите страни изнатрчаа луѓе да го гасат пожарот.
изнаучи | св.
Научи многу работи одеднаш, или едно по друго. Тој изнаучи повеќе занаети.
изнафали | св.
Пофали некого многу, во голема мера. Наводаџиката го изнафали момчето пред родителите на момата.
изнафати | св.
Фати нешто во голем број. Изнафати риби за вечера.
изнафрли | св.
Исфрли, нафрли нешто во голема количина, многу. Изнафрла сè што му пречеше во моментот.