изниша | св.

Ниша многу, доволно. Го изниша детето на нишалката врзана за крушата во дворот.

изноктен | прид.

Што е тукушто изработено, со крајни напори, со голем труд. Нова изноктена облека.

изнокти | св.

Направи со крајни напори, со голем труд. Едвај изнокти пари да го врати долгот.

износ | м.

Количина на финансиски средства, сума пари. На кој износ да го напишеме чекот? Наградата беше во износ од 100.000 денари.

износен | прид.

Што не е повеќе за носење, дотраен од носење. Износено палто. Износена блуза. Износени чевли.

износи | св.

Изветви облека или обувки со носење, употреба до крај. Износи едно рало чевли од зетот.

износок | м.

Мало деформирано јајце, кое, според народното верување, претскажува несреќа.

изнуди | св.

Постигне нешто со сила, под притисок. Грабнувачите на авионот изнудија гориво од аеродромските власти.

изнудувач | м.

Тој што изнудува.

изобеси | св.

Обеси сè што било за бесење. Ги изобеси низалките тутун да се сушат.