бакрдан | м.

Јадење направено од пченкарно брашно; качамак. Бакрдан со кисело млеко. Вари бакрданик

бакрен | прид.

бакрорез | м.

Техника на цртање со врежување во бакарна плоча.

бакрорезец | м.

Лице што изработува бакрорези. Тој беше иконописец и бакрорезец.

баксуз | м.

Човек што го следи лоша среќа, кому едно по друго му се случуваат лоши работи, несреќен човек. Мајка ми ме родила баксуз.

баксузен | прид.

Што се однесува на баксуз. Баксузен човек. Баксузна жена. Баксузна работа.

бактерија | ж.

Микроскопски мал, едноклеточен жив организам, подвижен или неподвижен, кој живее како паразит. Некои од бактериите предизвикуваат заразни болести.

бактериолог | м.

Тој што се занимава со проучување на особините и на животот на бактериите.

бактериологија | ж.

Наука што се занимава со проучување на особините и на животот на бактериите.