бактиса (се) | св.
Ми (ти, му, ...) стане досаден, здодевен; боктиса. Ми (се) бактиса оваа работа.
Баку | ср.
Главен град на Азербејџан.
баќушка | м.
Назив за Русите и руските војници. Православниот баќушка нема да позволи војната да трае долго.
бакшиш | м.
Подарок, дар, награда за направена услуга. Купи бакшиш. Снаата ќе донесе бакшиши за сите.
бал | м.
Свечена вечерна игранка само за поканети гости, обично во сала. Кнегиницата ми помага да го направам балов повесел и поубав.
бала | ж.
Голем и цврсто стегнат врзоп, обично од платно. Спакува сè во една бала и се врати во селото.
балабан | м.
Висок, крупен човек. Го врзаа балабанот во синџири.
балада | ж.
Лирско-епска песна со тажна содржина. Сестрата трујачка ја наоѓаме во народната балада.
баладен | прид.
Што има карактер на балада, романтичен и тажен. Го потенцира основниот баладен пример.
баладичен | прид.
Таа тема добива еден баладичен звук.