балдахин | м.
Свечена покривка над престол, над носилка, кревет или над олтар, обично од скапоцен материјал. Султански балдахин. Според големината на просторот на христијанските храмови, резбите биле распоредени на: иконостаси, балдахини, амвони, владички столови, певници.
балдиса | св.
Папса, премали, се истошти, изнемошти, капне, премре. Тој папса, балдиса, одвај си ги влече излижаните копита.
бале 1 | м.
Вок. од брат. ‒ Тале ‒ викна по него цецка му, ‒ ела малце кај мене, бале! Кажи, бале, мило брате, / од што болка лежиш? Та слушајте море, балевци!
бале 2 | ср.
Балеарски Острови | и.
Шпански острови во Средоземно Море.
балега | ж.
Животински измет. Смрди на мувла и балега.
балегар | м.
Вид бумбар, тврдокрилен инсект што живее во балеги; Geotrupes stercorarius.
балерина | ж.
Балетска уметница, балетска танчарка. Живееше со една балерина.
балет | м.
Уметнички танц придружен со музика што прикажува симболично различни чувства и страсти. Немаме класичен балет, но го имаме Тешкото.
балетан | м.
Балетски уметник, балетски танчар. На сцената излегуваат тројца балетани.