балалајка | ж.

Вид руска триаголна тамбура со три жици.

балама | м.

Глуп, глупав, умствено ограничен човек. Жените знаеле за ноќната игра на своите брадати балами.

баланѕа | ж.

Кантар, уред за мерење. На баланѕата легнува денк по денк.

баланс | м.

Рамнотежа. Има баланс помеѓу двете страни.

балансира | св. и несв.

Одржи, одржува рамнотежа. Тој сака да балансира меѓу двете работи.

баласт | м.

Товар за одржување на стабилност на брод, балон, авион и сл.

Балатон | м.

Езеро во Унгарија.

балван | м.

Неизделкано дебело дрво, неизделкана дебела греда, подолг трупец. Се превртував врз густиот вител греди, балвани, откорнати брестови. На малата река немаше мост туку балвани.

балган | м.

Слуз, шлајм.

балдаза | ж.

Свеска, сестра на сопругата. Имал снаа и балдаза.