балтија | ж.
Секира. Ја остави балтијата до стеблото.
Балтик | м.
Море во Северна Европа.
Балтичко Море | ср.
балток | м.
балтон | м.
балчак | м.
Рачка на сабја, на јатаган, на меч и сл. Имаше крива сабја со бакрен балчак. Влезе, држејќи го рожниот балчак од својата кама.
бам! | изв.
За подражавање силен звук со низок тон што трае кратко (обично од камбана, од пушка, од тапан и др.). Камбаната бие: Бам!
Бамако | ср.
Главен град на Мали.
бамбадијала | прил.
Обично во составот: за бадијала ‒ бесплатно. Што чудо пари фрлив за бамбадијала.
бамбашка | прид.
Особен, необичен, своевиден. Тој е бамбашка човек.