бам-бум | изв.
За подражавање силен звук со низок тон што се повторува (обично од камбана, од пушка, од тапан и др.). И бам‒бум! бам‒бум! ‒ тапани тропаа.
бамбус | м.
Вид тропска трска висока од 25 до 30 метри што се користи за мебел, за спортска опрема и сл.; Bambusa arundinacea. Бамбусите се брануваа на слабиот ветрец.
бамбусов | прид.
Што е од бамбус. Носи бастун од бамбусова трска. Бамбусова трска. Бамбусово масиче.
бамја | ж.
Вид зеленчук со месеста мешунка, полна со зрна; Hibiscus esculentus. Бамјата е зеленчукова култура што се одгледува кај нас пренесена од Средниот Исток.
бамка | несв.
Тропа, удира. Цел ден бамка.
бамкалец | м.
Дрдорко, мрморко.
бамња | ж.
бан | м.
Самостоен или вазален владетел на држава.
банален | прид.
Обичен, излитен, секојдневен, општ. Мојата работа е обична, банална. Оваа игра е монотона и банална. Банални примери. Случајна и банална споредба. Работата е сосема банална.
банализација | ж.
Банализирање. Се спротивставува на тенденцијата за банализација.