Баскија | ж.

Автономна покраина во Шпанија.

басма | ж.

Вид шарена памучна ткаенина; циц. Фустанот ѝ беше од обична басма. Девојчињата носеа шарена басма.

басмар | м.

Тој што продава басма. Басмарот секогаш скусувал, ама никој не го фатил.

басмен | прид.

Што е од басма. Се покри со еден басмен јорган. Девојчето беше облечено во шарено басмено фустанче.

басна | ж.

(лит.) Кратка епска творба во стих или во проза со поучна содржина, во која луѓето и нивните карактеристики обично се претставени преку животни, растенија или предмети. Волкот е редовен актер во басните.

баснар | м.

Бајач, вражалец, гаталец. Човекот беше познат баснар во градот.

баснарка | ж.

Бајачка, вражалка, гаталка.

баснописец | м.

Составувач, писател на басни.

баснословен | прид.

Измислен, необичен, фантастичен. Волшебниот роман, полн со баснословни авантури, настанал од вечерните приспивни приказни што ги измислил таткото за својот син.