басра | ж.

Разни видови патогени габички (на листот и на плодовите) кај некои растенија. Басра кај тутунот.

Басра | ж.

Град во Ирак.

баста | несв.

Блада. Овој нешто басташе без врска, плетејќи со јазикот.

баста | ж.

Набор на фустан, фалта. Девојчето беше облечено во фустанче со басти.

бастион | м.

Издаден дел од бедем на тврдина; кула на тврдина. Во градот имаше неколку бастиони.

бастиса | св.

Изврши претрес, нападне, опколи. Аскерот целото село го бастиса.

бастун | м.

Специјално изработен стап со свиткана рачка за потпирање при одење. Ја накриви шапката и со бастунот во рацете отиде на шетање.