каузален | прид.

Што ја покажува врската меѓу причината и последицата, причински. Каузална врска. Каузални реченици.

каузалитет | м.

Заемна поврзаност, причинско-последична врска помеѓу појавите.

каузалност | ж.

Принцип на каузалност.

каури | несв.

Прави некој да премине во христијанска вера; покрстува.

каурин | м.

Во Турското Царство секој поданик што не е од муслиманска вера; неверник.

каустика | ж.

Средства за нагризување на метални и други површини; каустични средства.

каустичен | прид.

Што нагризува. Каустично дејство.

кауција | ж.

Пари или хартии од вредност што се даваат како гаранција за извршување на договорени обврски.

кауч | м.

Широко легло на расклопување со низок потпирач, што служи за седење и спиење. Лежеше испружена на каучот.