катранџија | м.

Тој што прави, што произведува и продава картан.

катрен | м.

Во поезијата – строфа од четири стиха. Лицето на поетот се појавува во последниот катрен.

катун 1 | м.

Привремена летна сточарска населба високо во планина (со колиби, трла, бачило и др.).

катун 2 | м.

Вид крута и сјајна, обично памучна ткаенина со шари.

катунар | м.

Жител на катун.

катуниште | ср.

Место каде што има катун.

катче | ср.

каубој | м.

Во Северна Америка – сточар што чува големи стада говеда, јавајќи на коњ.

кауза | ж.

Општ интерес, дело, идеја. Национална кауза.