кафетерија | ж.

Посебен тип ресторан во кој јадењето се добива со самопослужување, а се служи само кафе.

кафеџија | м.

Сопственик на кафеана, гостилничар.

кафешантан | м.

Кафеана, гостилница со забавна програма.

кафилерија | ж.

Завод каде што се уништуваат мрши на убиени и пцовисани животни.

кафтан | м.

Вид долга горна облека, обично од чоја. Старицата ме пречека на прагот завиткана со стар, излитен кафтан.

кафтарка | ж.

Сламена, заштитна наметка за кошници за пчели.

кафти се | несв.

кафуле | ср.

Мал локал каде што може да се пие. Младите не треба да бидат препуштени на кафеаните и кафулињата.

каца | ж.

Голем, валчест, дрвен сад, стегнат со обрачи, на дното проширен, а на горната страна отворен. Каца со сирење. Каца со расол. Каца со маст. Каца со туршија.