келераба | ж.

Двогодишно растение што се употребува како зеленчук во исхраната, вид зелкова култура; Brassica oleracea gongylodes. Салата од келераба.

келиен | прид.

Келн | м.

Град во Германија.

келнер | м.

Тој што ги служи гостите со храна и пијалак во угостителски објект. Келнерите го сервираа јадењето.

келнерај | м.

Дел од угостителски објект каде што се чуваат пијалакот и садовите.

Келт | м.

Припадник на древен народ, жители на просторот на денешните Велика Британија, Ирска и Франција. Келтка, ж.

кељ | м.

Двогодишно растение што се употребува како зеленчук во исхраната, вид зелкова култура; Brassica oleracea sabauda.