кворум | м.

Минимален број на членови на некое тело, организација и сл., чие присуство на седница, собир е неопходно за донесување на полноважни одлуки, заклучоци и сл. Двотретински кворум. Има кворум, седницата може да почне.

квота | ж.

Количина, процент, определен број или дел при распределба на нешто. Се зголеми квотата за извоз на јаболка.

кегла | ж.

Во куглање – дрвена фигура во вид на шише што треба да се сруши.

кедар | м.

Вид иглолисно дрво; Cedrus. Шума без крај, иглолисни дрвја во недоглед: даб, кедар, елка.

кедров | прид.

Што е од кедар. Кедрово дрво.

кеј | м.

Соѕидан брег на регулирана река со шеталиште. По кејот на реката имаше клупи во сенките на дрвјата. Секоја вечер шетаа по кејот на Вардар.

Кејптаун | м.

Град во Јужноафриканска Република.

кекс | м.

Вид колачиња од брашно, шеќер и јајца; бисквит. Ги послужи со кекси и бонбони.

келав | прид.

келепур | прид.