кесе | ср.

кесон | м.

Кабина што не пропушта вода и служи за изведување подводни работи.

кефир | м.

Ферментиран млечен напиток, вид јогурт.

кец | м.

(разг.) Најјака карта во многу игри со карти, обележана со еден знак; ас.

кечап | м.

Вид доматен сос.

кече | ср.

Бела машка капа од валана волна, во вид на полутопка, дел од албанската носија; Старецот на главата носеше бело кече.

кеш | м.

Готовина; готови пари, во пари. Жената плати во кеш. Исплата во кеш.

кибар | прид.

Што е отмен, елегантен, уреден, педантен; што е достоинствен, горд. Кај е за него оваа куќа домаќинска и вакво кибар девојче.

кибарен | прид.

Каква кибарна жена; не знаеш дали е повеќе чистотна или кротка. Кибарна куќа.