киднапира | св. и несв.
Грабне, грабнува некого заради уцена. Го киднапираа и побараа голема сума пари за негово ослободување.
Киев | м.
Главен град на Украина.
Кизангани | ср.
Град во ДР Конго.
кијавица | ж.
кијамет | м.
Лошо време, невреме. Кај се шеташ низ чаршија по овој кијамет.
кика | ж.
Сплетено или врзано перче коса. Секогаш ја гледа како малечко девојче, со мали кики и голема панделка на главата.
кикбокс | м.
Вид бокс во кој се дозволени и удари со нозете.
ки-ки-ки! | изв.
За имитирање на гласна смеа, кикот. Ки, ки, ки! – се смее таа и кикотот ги зафати сите девојчиња.
кикирига | несв.
кикирика | ж.