кикиритка | ж.
Едногодишно, ниско растение, чии мешункасти плодови со семки, богати со масло, растат под земја; плодот и семките на тоа растение; Arachis hypogaea. Собата се исполни со миризба на печени кикиритки.
кикиришка | ж.
Месест, црвен и назабен израсток на глава на кокошка, петел, мисирка и сл. Петлето имаше бело тенко клунче, а на главата црвена кикиришка.
киклоп | м.
(мит.) Во грчката митологија – џин со едно око на средината од челото.
кикот | м.
Гласна, ѕвонлива, несопирлива смеа; кикотење. Тој гласно се насмеа и кикотот ја исполни собата. Во полумракот околу мене чув кикот.
кикотен | прид.
Што претставува, што е кикот. Кикотна смеа.
кикоти се | несв.
Гласно се смее. Патниците и понатаму се кикотеа заразно.
кикотлив | прид.
Кикотлива смеа.
кикотница | ж.
кикс | м.
Грешка. На сцената се случија неколку киксови од страна на водителот.
киксира | св. и несв.
Направи, прави кикс, згреши, згрешава.