Бајрам | м.

Муслимански празник. Таа година се погоди Прочка и Бајрам во еден ден.

бајрамува | несв.

Празнува Бајрам. Бајрамува три дена.

бајт | м.

Основна единица за меморија во информатиката. Еден килобајт содржи илјада дваесет и четири бајта.

бајче | ср.

Детски назив за јагне. Бело бајче. Рипкаат бајчиња.

бања | ж.

Минерални извори со уреди за капење, лекувалиште. Ја запозна во бањата, каде што се лечеше од ревма.

бања | несв.

Капе некого. Ги бањаа малите деца.

бањар | м.

Тој што одржува ред во бањата и ги услужува капачите. Бањарот ги упати гостите во базенот.

бањарка | ж.

(За жена) бањар.

бањач | м.

Капач. Беше прв и последен бањач во реката.