класира | св. и несв.
Распредели, распределува по класи според определен критериум. Неговите ликови ги класираме во две групи. Производите ги класираа според нивниот квалитет.
класификација | ж.
Распределување на предмети, појави и поими по класи, групи според определени критериуми (според својствата, степенот на вредност и сл.). Во славистичката наука има повеќе обиди за класификација на книжевните споменици. Еден принцип е таканаречената ботаничка класификација, според која плевелите се групирани во класи, редови, фамилии итн.
класификационен | прид.
Што се однесува на класификација; класификациски. Класификациони групи. Класификациона постапка.
класификува | св. и несв.
Распредели, распределува нешто во класи, групи според определени својства, степен на вредност и сл. Нашите производи тој ги класификува како производи од трета класа. Тие ги класификуваа натпреварувачите според нивните постигнати резултати.
класифицира | св. и несв.
класица | ж.
класицизам | м.
Правец во литературата и уметноста што се јавува во 17 и 18 век и се карактеризира со враќање кон традиционалните облици на грчко-римската уметност.
класицист | м.
Претставник на класицизмот во книжевноста и уметноста.
класицистички | прид.
Што припаѓа, што е во духот на класицизмот.
класичар | м.
Проучувач на класичните јазици и култури.