класатка | ж.

Стеблото на пченица со класот. На малата масичка има донесено ламба со шапка од неовршена пченица, класатка.

класен 1 | прид.

Што се однесува на клас2. Класен раководител. Класен час.

класен 2 | прид.

Што се однесува на класа

класест | прид.

Што се однесува на клас1, што е со клас, што е прекриен со клас.

класи | несв.

Развива, создава клас. Житото почна да класи.

класик | м.

Општопризнат творец во областа на литературата, науката или уметноста што создал значајни дела. Најдобрите дела на светските писатели, класици и современици се преведени на македонски јазик.

класика | ж.

Уметнички или научни општопризнати дела што претставуваат траен придонес во уметноста или културата воопшто; такви дела во старогрчката и римската уметност и култура.

класина | ж.

Слама од 'рж.

класинка | ж.

Изронет пченкарен клас;