клетник | м.
Несреќен, кутар, беден човек. Го гледа нашиот несреќник, тој окован клетник.
клеточен | прид.
Што се однесува на клетка2. Клеточна мембрана. Клеточен сок.
клечечкум | прил.
клечешкум | прил.
Со клечење, во клекната положба.
клечи | несв.
а) Е на колена, се потпира на колена. Луѓе од разни краишта на земјата клечеле пред светецот. Клечеше пред иконата и се молеше. б) Стои со свиткани колена, без да се потпира на земјата. Луѓето клечеа околу жарта и го слушаа.
клечка | ж.
Тенка, куса прачка. Момчето со клечка долго чепкаше и риеше во земјата.
клечо | м.
Физички, духовно или морално слаб човек.
клешта | ж.
Метална алатка, составена од два дела вкрстени во вид на ножици, што служи за фаќање, стегање или вадење на нешто. Ковачки клешти. Забарски клешти.
клештило | ср.
Дел од кровна конструкција, составен од две греди што со едниот крај влегуваат една во друга како во жлеб. Потоа дојдоа на ред гредите, диреците, клештилата и желниците од куќите во кои живееја самите аскери. Празниот простор меѓу ѕидот и клештилата се вика „мутли".
клешти се | несв.
Се смее силно, гласно; прави гримаси. Не клешти се како печен, што има смешно во тоа. Врсниците го задеваа дека сите девојки го сакаат, а тој се клештеше и им веруваше.