клерикалец | м.

Следбеник, приврзаник на клерикализмот.

клерикализам | м.

Политички правец што се стреми кон силно влијание на црквата (особено на католичката) во општествено-политичкиот и културниот живот на една зедница.

клет | прид.

а) Што е несреќен, што страда. Тој пак е сам и клет несреќник. Срцето ѝ се свиваше кога ќе се сетеше дека е клета робинка во домот на друговерец. б) За живот – што е тежок, мачен. Клет живот.

клетва | ж.

Проклетство, посакување зло некому. Ми се стемни пред очиве, ама клетва уста моја не исфрли. Тој ја понесе во себе татковата клетва, никогаш не стана рибар.

клетвен | прид.

Што се однесува на клетва. Клетвен зарек.

клетвеник | м.

Тој што дава заклетва, што се заколнува во нешто.

клетвопрестапник | м.

Тој што ја гази, што не ја исполнува дадената заклетва.

клетка 1 | ж.

Кафез.

клетка 2 | ж.

(биол.) Основна структурна единица на повеќеклеточните живи организми. Мозочна клетка. Репродуктивни клетки. Мускулна клетка.