клиса | ж.

џимиринка.

клисар | м.

Црковен служител. Клисарот ја удри големата камбана.

клистир | м.

Внесување на течност во дебелото црево кај човекот заради вештачко празнење на цревата; клизма.

клистира | св. и несв.

Даде, дава клистир.

клисура | ж.

Тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни; теснина. Најпосле дојдоа до поточето што се спушташе низ скалестата клисура.

клише | ср.

Метална или дрвена плочка на која е втисната или издлабена слика, цртеж и сл. за отпечатување поголем број примероци.

клишира | св. и несв.

Направи, прави, изработи, изработува клише; умножи, умножува со помош на клише. Јас имам планирано цел подлисток, со илустрација, со клиширан наслов. Клиширан израз.

клишираност | ж.

Состојба на тоа што е клиширано.

кло | изв.

Извик за имитирање на звукот што се слуша при голтање на течност или при истек на вода. Ќе ја дигне ракијата кло, кло, кло... па ќе се стркала пак на рогозината.