клободан | м.
Срма, срмена врвца.
клобук | м.
(арх.) Шапка.
клобурец | м.
Меур што се јавува, што избива на вода или друга течност, исполнет со воздух, водена пареа, гасови. Зад него остана запенета вода, потоа клобурци и само една тенка дага.
клобурок | м.
клобучи (се) | несв.
Исфрла клобурци, се пени. Водата брзо почна да клобучи.
клови | несв.
Пушта 'ртулци, 'рти. Пченицата клови.
кловн | м.
Забавувач во циркус смешно облечен и нашминкан; комичар, палјачо.
клозет | м.
Нужник, тоалет.
клокот | м.
Карактеристичен шум што го создава вода (течност, кашеста маса и сл.) при извирање, истекување, вриење и сл. Ништо не се слушаше, освен тивкиот клокот на водата.
клокоти | несв.
За река, поток – тече испуштајќи карактеристичен шум. Под еден дрвен мост клокотеше бистра вода.