корпусен | прид.

Што се однесува на корпус_5 Корпусен командир.

корсет | м.

Женски елек од еластичен материјал за стегање на половината и градите; мидер. Селските жени не носат корсети.

кортеш | м.

Политички активист што агитира за некого, што собира гласови.

коруба | ж.

Кора на плод; корупка 2. Вид долго дрвено корито, издлабено дрво за напојување добиток.

корубест | прид.

Што има коруба, корка. Корубесто дрво.

корубина | ж.

Грб од заклана свиња. Низ корубината тече крв.

коруби се | несв.

Добива облик на коруба, се искривува. Штицата се коруби.

коруз | м.

Засушена крв, струп. Го откорна корузот од раната.

корумпира | св. и несв.

Поткупи, поткупува, подмити, подмитува.

корумпиран | прид.

Што е склон на поткупување, на подмитување. Корумпиран политичар.