короман | м.
Големо парче леб. 'Ржан короман. Куќата да има короман и спокојство.
корона | ж.
круна.
короса | св.
Фати кора, се здрви по површината. Мразови му ја коросаа снагата.
коросан | прид.
Што е тврд како корка. Коросани раце. Коросана јака.
корпа | ж.
кошница.
корпоративен | прид.
Што припаѓа, што е својствен, што е во врска со корпорација. Корпоративна организација.
корпорација | ж.
Здружение на лица од исти сталешки или професионални интереси; еснаф.
корпулентен | прид.
Што има развиено тело; крупен, дебел. Корпулентна става.
корпуленција | ж.
Големина, полнота на телото.
корпус | м.
Тело на човек или животно.