кофеин | м.

Стимулативна состојка, во мали количества, што се наоѓа во кафето, чајот и некои други растенија, која во големи количества дејствува штетно. Кофеинот од кафето го држи буден цела ноќ.

кохезија | ж.

(хем.) Привлечна сила меѓу молекулите на едно тело.

кохезионен | прид.

Што се однесува на кохезија; што предизвикува привлечност, да се привлекува едно нешто со друго. Кохезиона сила.

кохерентен | прид.

Што се држи заедно; меѓусебно поврзан. Кохерентна целина. Кохерентна збирка.

кохеренција | ж.

Меѓусебна поврзаност; сврзаност, споеност. Ја оценуваме кохеренцијата во делото.

коцел | м.

Плетенка, прцел. Момите на вода ќе одат со коцли искривени.

коцка | ж.

(мат.) Правилно геометриско тело со шест еднакви квадратни површини.

коцкар | м.

Тој што се коцка, што е обземен со страст за коцкање; хазардер. Коцкарите ги оставија картите. Коцкарот многу губи, но и многу добива.

коцкарница | ж.

Просторија за играње хазардни игри. Во коцкарницата ги менува жетоните.