кравар | м.
Тој што одгледува, што чува крави. Секоја вечер краварот ги молзеше кравите.
краварига | ж.
Вид трупка.
краварник | м.
Штала за крави.
краварство | ср.
Одгледување крави како стопанска гранка.
кравата | ж.
Директорот секогаш носеше костум и кравата.
кравји | прид.
Што е од крава. Кравја маст. Кравјо кисело млеко.
краг | м.
Тркалезна штица за месење леб. Го замеси тестото на крагот.
крагна | ж.
крагуј | м.
Птица грабливка од фамилијата соколи; Gyps fulvus.
крадач | м.
Беше крадач по куќите.