крадлив | прид.

Што е склон да краде, што краде. Крадливи раце. Крадлив мачор.

крадливец | м.

Крадливците го пљачкосуваа.

крадло | м.

Крадец. Со прст покажуваа на овој крадло.

крадне | св.

Украде по малку; поткрадне. Крадна по некое зрнце жито.

крадум | прил.

Крадум ја помина границата.

краен | прид.

Што е на крајот, што е последен, заден. Крајна порака. Со крајни напори. Крајно време е. Крајна куќа.

краешник | м.

Парче од крајот на леб, погача и сл. Скрши еден краешник од лебот.

кражба | ж.

Недозволено, скришно земање на нешто туѓо. Кражба на добиток. Ситна кражба. Провална кражба.

краина | ж.

Област, покраина, предел. Силен ветер дува над краината.

краишен | прид.

Што е на крајот, краен. Краишна област.