краиште | ср.

Крајниот дел на географска површина, на пр. крај на нива.

крај | предл.

Означува непосредна близина, соседство на еден предмет со друг; Кај нас ѓубрето често се фрла крај патот. Насадивме багреми крај новиот канал.

крај | м.

Завршок на населено место или на некаква површина. Крајот на градот. На крајот на нивата. На крајот на светот.

крај- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење покрај, близу до: крајезерје, крајморје, крајречје.

крајбрежен | прид.

Што се наоѓа покрај брегот, на линијата меѓу копно и вода. Крајбрежна стража. Крајбрежна област. Крајбрежна пловидба.

крајбрежје | ср.

Појасот земја покрај брегот на река, езеро, море; областа околу брегот. Морско крајбрежје.

крајграничен | прид.

Што е покрај граница. Крајгранично село.

крајезерски | прид.

Што е покрај езеро. Крајезерски села.

крајморски | прид.

Што е покрај море; приморски. Крајморски птици.