крати | несв.

куси. Го крати капутот.

кратко- | претс.

Како прв дел од сложенки значи дека тоа што е именувано со вториот дел е кратко: кратковечен, краткотраен;

кратковечен | прид.

Кратковечна младост.

кратковид | прид.

Кратковиди очи.

кратковремен | прид.

Што трае кратко време. Кратковремени мерки.

краткодневица | ж.

Најкусиот зимски ден; зимски солстициум.

краткометражен | прид.

Снима краткометражен цртан филм.

краткорочен | прид.

Што се дава или се прави на краток рок. Краткорочен кредит. Краткорочен план.

краткост | ж.

Својство на тоа што е кратко.

краткотраен | прид.

Што трае кратко време. Краткотраен ветер. Краткотраен сон.