краткоум | прид.

Краткоумна одлука

краткоумие | ср.

Во местото владееше краткоумие.

Кратово | ср.

Град во Македонија.

краток | прид.

Мал по должина; кус; долг. Кратка нога. Кратка коса.

кратошија | ж.

Сорта црно винско грозје. Ја ископачија кратошијата од лозјето.

крах | м.

Пропаст, катастрофа, целосен неуспех. Морален крах. Банкарски крах. Крах на стопанството.

крахира | св. и несв.

Претрпи, претрпува, доживее, доживува крах. Банката крахира.

крачест | прид.

Што има долги краци.

крбла | ж.

Дрвен сад со чеп, потесен од каца, што обично служи за гмечење грозје. Ги затегнуваше обрачите на крблите.

крбло | ср.