Крит | м.
Грчки остров во Егејското Море.
критериум | м.
Мерило, одлика или својства по кои се оценува, се одлучува или се распоредува нешто. Научен критериум. Естетски критериум. Фонолошки критериум. Тој беше загрижен за вкусот и критериумите на младите.
критизер | м.
Неконструктивен, недобронамерен критичар; зајадливец.
критизерство | ср.
Склоност кон неконструктивна, недобронамерна критика. Една работа е критика – отворена и добронамерна, а друга работа е критизерство!
критизира | несв.
Критикува неосновано; изнесува само лоши работи; куди. Тој ја критизираше работата на директорот.
критик | м.
критика | ж.
(само едн.) Образложена оцена на некое дело, работа, постапка; збир од оцени во некоја област. Литературна критика. Остра критика. Упати критика. Списанието донесува и неколку прикази и критики.
критикува | несв.
Подложува на критика.
критичар | м.
Тој што оценува нечија работа, постапка, однесување и сл. Каков критичар си ти? Ти си голем критичар и скептик.
критичен | прид.
критика.