кришен | прид.

Што е таен, скриен, прикриен. Кришен поглед.

кришум | прил.

Тајно, скришно, на таен начин. Кришум го погледна. Велат дека нив кришум сум ги љубел.

крк | изв.

Подражавање на звук со кој се искажува кршење на нешто или удар по нешто.

крка | несв.

(разг.) Јаде неумерено, лакомо. Кркал со голем апетит.

кркало | ср.

Јадење, храна;

кркач 1 | м.

(разг.) Тој што јаде неумерено, лакомо. Голем кркач е тој, не пребира храна.

кркач 2 | прил.

Носи некого на грб. Ајде да се носите кркач! Тој му се качи кркач.

кркма | ж.

Козина што се добива од коза со стрижење.