кршоборец | м.
Подбивен назив за луѓето од Мариово поради тоа што се занимавале со продавање на борина. Што правите вие, бре кршоборци, по планината?
кршорога | ж.
Овца со неизрастени или скршени рогови.
крштава | несв.
крштавка | ж.
крштален | прид.
кршталник | м.
Сад во кој се обавува крштевање. Кумот го држеше детето над кршталникот.
крштева | несв.
крштевка | ж.
Обред на крштевање и воведување во христијанската црква.
крштелен | прид.
Што се однесува на чинот на крштевањето. Крштелно свидетелство. Крштелна вода.
крштелник | м.
кршталник.