крштелница | ж.

Документ со податоци за крштавањето што го издава црквата, извод од црковната книга на крстените.

крштеник | м.

Тој што е крстен, што минал низ обредот на крштевање.

ксилограф | м.

Гравер на дрво, специјалист за правање фигури и слики во дрво; резбар.

ксилографија | ж.

Резбарство.

ксилофон | м.

Музички инструмент што се состои од дрвени плочки на кои се удира со дрвени удиралки.

ктитор | м.

Основач, заштитник, дарител на црква или манастир. Тој е ктитор на манастирот.

куб | м.

а) Геометриско тело омеѓено со шест квадрати; б) Предмет во таква форма. в) Трет степен на некој број.