лумбаго | ср.

Болки во крстот, во слабините предизвикани од настинки, незгодни движења или заболување на 'рбетните прешлени.

луминисценција | ж.

Својство на тела што емитуваат светлина кога се изложени на дејство на зраци без да бидат самите загреани.

лумпенпролетаријат | м.

Декласирани, пропаднати луѓе во едно општество, граѓани од најнискиот слој (скитници, крадци, питачи, проститутки).

лумпува | несв.

Го поминува времето пиејќи и бучно веселејќи се. Лумпува до утро. Цела ноќ лумпуваа по кафеаните.

лумпувач | м.

Тој што лумпува. Голем лумпувач е тој.

луна 2 | ж.

Назив за месечина. Жолта луна. Златна луна.

лунав | прид.

луњав.

лунапарк | м.

Детски забавен парк на отворен простор, опремен со тобогани, вртелешки, нишалки, автодроми и друго. Секоја недела со децата одиме во лунапарк.