макар | чест.
Запеј макар еден тон. Прочитај макар една книга. Кажи макар еден збор.
макара | ж.
Дрвено или метално тркало низ кое се провлекува јаже и служи за подигање товар; скрипец.
макарони | и.
Исушено тесто во различни облици, најчесто во вид на цевчиња, се приготвува со варење и се служи со разни додатоци.
маќеа | ж.
Жена на таткото во однос на неговите деца од претходниот брак. Таа им беше маќеа, ама добро се грижеше за децата
македонизам | м.
Особеност на македонскиот јазик; збор или јазична конструкција карактеристична за македонскиот јазик, а преземена во друг јазик.
Македонија | ж.
Регион на Балканскиот Полуостров и држава во Европа со официјално име Северна Македонија.
македонист | м.
Лице што се занимава со македонистика.
македонистика | ж.
Наука што се занимава со проучување на јазикот, книжевноста, историјата и културата на македонскиот народ.
Македонски Брод | ср.
Град во Македонија.
македонство | ср.
а) Севкупност на особините на Македонците. б) Чувство на припадност кон македонскиот народ.